Мексико со нови над 5.000 заразени од коронавирусот

Во Мескико се потврдени 5.311 нови случаи на зараза со коронавирусот, како и уште 296 смртни исходи, објави тамошното министерство за здравство.

Со ова бројот на заразените од почетокот на епидемијата во Мексико се искачи на 344.224 лица, а бројот на починатите на 39.184 луѓе. Со ваквите показатели земјата е на листата на десетте најпогодени во светот од пандемијата,

Мексиканската влада соопшти и дека вистинскиот број на заразените е значително поголем од бројот на потврдените случаи.