Мексико: Уапсен лидер на нарко картел

Силите за безбедност на Мексико уапсиле лидер на нарко картелот Витезови темплари, осомничен за низа злосторства во проблематичната мексиканска држава Мичоакан.

Самоорганизираните вооружени цивили побарале од федералните власти да го уапсат Планкарте како услов за разоружување.

Во западната мексиканска држава Мичоакан во последните неколку седмици федералните власти ги разоружуваат цивилите и апсат припадници на картелот Витезови темплари, кои контролираат поголеми подрачја на Мичоакан.

Цивилите на оваа земја пред една година се вооружија и самите се организираа во борбата против нарко бандите, бидејќи локалната полиција не презела мерки против нарко картелите ниту била способно да ги запре насилствата и киднапирањата.