
Во масовна гробница во Мексико пронајдени се 29 тела, спакувани во стотина пластични кеси, соопштија локалните власти.
Државниот обвинител на Халиско Герардо Солис на прес-конференција соопшти дека истражителите пронашле 13 целосни и 16 нецелосни тела.
Во првата половина од годината, стапката на убиства во Мексико се зголеми на рекордно ниво, а само минатата година беа евидентирани 29.111 убиства.