Вооружени селани го превзеле градот Нуева Италија во западно Мексико, што бил добро чувана тврдина на нарко картелот „Витезови темплари“.
Над стотина вооружени цивили во повеќе од 100 камиони го нападнале градот Нуева Италија во државата Мичоакан, познат по крвавите пресметки на нарко картелите, пренесува агенцијата „АФП“.
Во борбата меѓу селаните и членовите на нарко бандата, ранети се двајца селани, а не е познато дали имало ранети или жртви од спротивната страна.
Малку подоцна се пронајдени две обесени лица на еден мост и засега не е познато дали тие убиства се поврзани со превземањето на градот Нуева Италија.
Нарко картелите во последните година дена ги бесат своите жртви.
Во Мичоакан во последната година е во пораст цивилната полиција, која ги напаѓа и ја превзема контролата во некои места зеземени од нарко картелите.
Во последните седум години во борбите помеѓу нарко картелот во Мичоакан се убиени повеќе од 77.000 лица.