Меланија и Барон Трамп конечно ќе се преселат во Вашингтон

Меланија Трамп која по официјалното преземање на должноста претседател на САД на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, остана со синот да живее во Њујорк, ќе се пресели во Вашингтон, па со ова семејно со бирање ќе се заврши досега незапаметената ситуација во американската историја.,

Според пишувањата на американските медиуми, поранешната манекенка од словенечко потекло Меланија Трамп, следната седмица ќе се пресели од „Трамповата кула“ во Њујорк во Белата куќа во Вашингтон, којашто според нејзиниот вкус ја уредил стручњакот за внатрешно уредување Там Каналикам, по потекло од Лаос.

Како што официјално беше соопштено, Меланија останала во Њујорк додека нејзиниот единаесетгодишен син не ја заврши училишната година.

Во поновата историја на САД досега не беше забележан ваков случај, првата дама да го остави сопругот самиот да се всели во Белата куќа. Со нејзиното доаѓање двојката може да го стекне реномето кое повеќе ќе одговара на американската традиција. Трамп, според медиумите, досега доста време минувал сам дома.

Но преовладува мислењето дека ова семејно собирање нема да влијае врз почестото појавување на првата дама на САД во јавноста, имајќи предвид дека таа своеволно се повлече од јавниот живот и ретко беше гледана крај сопругот по неговото преземање на должноста.

„Остава впечаток дека не е заинтересирана за активностите на првата дама“, оценува писателката Џенифер Вејнер во коментарот за весникот The New York Times.

Во говорот во текот на предизборната кампања во сојузната држава Пенсилванија, Меланија изјави дека сака да се вклучи во борбата против злоупотребата на децата, во прв ред на интернет, но ѝ забележуваа за тоа што не изнесе поединости.

„Меланија Трамп против злоупотребите на интернет се избори единствено за себеси“, коментира Чери Џејкобас, кој работи на стратегијата на Републиканската партија за магазинот Vanity Fair.

Алудираше на тужбата на Меланија Трамп против британскиот таблоид The Dailyu Mail, којшто без докази напиша дека во 1990-те години работела како „дама за придружба“. Кон средината на април првата дама на САД на судот го доби овој спор. Весникот мораше да се извини и да ѝ исплати отштета со каматите.