Меланија Трамп повторно во јавноста по 3 недели

Поминаа долги три недели откако американската прва дама последен пат се појави во јавност. Откако таа неочекувано заврши на операција на бубрег и потоа се повлече од јавноста, не престанаа да се шират разни теории на заговор.

Меѓутоа, синоќа, Меланија Трамп им ставила крај на сите зли јазици и во друштво на сопругот се појавила на вечерниот настан во Белата куќа. Станува збор за вечерата Златна ѕвезда, организирана за семејствата на војниците кои загинале во војната, но на новинарите им бил забранет пристапот.