Мелони ја презема должноста прва премиерка во историјата на Италија

Челничката на партијата Браќа на Италија (FdI), основана во 2012 година на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење којашто престана да постои во 1990 година, Џорџа Мелони, ја презема во неделата должноста прва италијанска премиерка во историјата.

Преземањето на власта се одигра во дворецот Чиги, точно стотина години по доаѓањето на власт на италијанскиот фашистички водач Бенито Мусолини, кому Мелони своевремено отворено му се восхитуваше.

Медиумите истакнуваат дека 45-годишната Мелони била облечена во црн костум и бела кошула, а во дворецот ја пречел црвен тепих, почесна стража и воен одговор. На врвот на скалилата ја поздравил поранешниот премиер Марио Драги, поранешниот претседател на Европската централна банка (ECB) кој ја водеше владата од февруари 2021 година, кој ѝ посакал добредојде и потоа со неа разговарал зад затворени врати повеќе од еден час.

Протоколарната процедура била одбележана со симболичното предавање на сребрениот ѕвонец кој се користи на седниците на владата. Мелони ќе ја води најдесната влада од прогласувањето на Република Италија во 1946 година.

По свеченото предавање на власта следеше првиот состанок на владата којашто ја очекуваат големи предизвици, главно економски, како што е енергетската криза, инфлацијата и долгот, кој е најголем во еврозната по Грција.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој подоцна во неделата ќе го посети Рим и ќе се сретне со папата Франциск и ќе одржи говор за мирот, би можел да биде првиот странски државник со кој Малони ќе се сретна, иако тоа не е најавено. Од Европската унија во саботата порачаа дека е подготвена да соработува со Мелони.