Мемфис Депај на крајот остана на „Камп Ноу“

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај остана на „Камп Ноу“. Иако имаше најави дека сигурно ќе замине од Барселона, а го поврзуваа со Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челси, на крајот тој сепак одлучи да остане во каталонскиот гигант.

Јувентус долго време преговараше за да го доведе во Торино, но на крајот се откажа и го потпиша Аркадиуш Милик, а во последниот ден од преодниот рок се водеа преговори со Челси. Сепак, на крајот ништо од тоа не се реализираше.

„Одлучив да останам во Барселона. Целосно сум посветен на придонес за успех на клубот“, напиша Мемфис Депај на социјалните мрежи.

Тој ги преседе на клупа за резерви натпреварите против Рајо Валјекано, Реал Сосиедад и против Валјадолид во Ла Лига, но се надева на поголема минутажа поради заминувањето на Пјер – Емерик Обамејанг.