Мемфис и Бостон го возвратија ударот (ВИДЕО)

Џа Морант одигра неверојатен натпревар и постигна 47 поени во победата на Мемфис од 106-101 против Голден Стејт за израмнување на 1-1 во полуфиналната серија на Западот во НБА-лигата.

Тој самиот ги постигна последните 15 поени за тимот и самиот го доби фаворитот. Морант застана рамо до рамо со великаните како Леброн Џејмс и Коби Брајант како третиот кошаркар во историјата кој има повеќе од еден натпревар со 45 поени или повеќе во плејофот до 23 години. Стеф Кари со 27 поени беше најдобар во редовите на Вориорс. Следните два натпревари од оваа пресметка се играат во Сан Франциско.

Бостон сериозно ја поправи играта и успеа да слави против актуелниот првак Милвоки со 109-86 во рамки на полуфиналето од плејофот на Истокот. Резултатот сега е 1-1, а серијата се сели во Милвоки, каде се играат следните два натпревари. Џејлен Браун постигна 30 поени за Селтикс, Грент Вилијамс имаше 21 поен, додека Џејсон Тејтум реализираше 19. Јанис Адетокумпо со 28 поени очекувано беше најдобар во редовите на Бакс, а Џру Холидеј придодаде 19 поени.