Преземаме струја од европската мрежа. Досега имаме четири предупредувања за тоа преземање на струјата од седиштето во Швајцарија. Нивните анализи покажале дека земјата континуирано презема струја од мрежата што е недозволиво, изјави за Телма директорот на МЕПСО Крешник Рамадани.
„Според нашите пресметки до средината на октомври МЕПСО треба да плати околу 10 милиони евра. Таа сметка се пресметува до 5-ти наредниот месец, а се плаќа до 15-ти ноември. Ако продолжи овој тренд на зголемување, како што има, тогаш ќе биде над 15 милиони евра“, вели Рамадани во ексклузивниот разговор за ТВ Телма.
Директорот на МЕПСО во разговорот за Телма појаснува дека потрошувачката е поголема од производството на електрична енергија, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата.
Интервјуто со Крешник Рамадани беше објавено во вестите во 15:30 часот.