Како и поголемиот дел од автомобилската индустрија, и Дајмлер се бори со опаѓањето на продажбата како резултат на рецесијата, а има и стандардни проблеми како повлекување на модели и казни за дизел моторите со прекумерна емисија.
Дејмлер засега ги демантира отпуштањата, но веста се очекува да ја објави во четврток првиот човек Ола Калениус . Наводно, тој ќе ги замоли работниците да не бараат покачување на платите до следното известување, сè додека не се отстранат последиците од споменатите проблеми со дизел моторите , скапите повлекувања на модели и пазарните предизвици.
Познато е дека трошоците за повлекувањето на 60.000 примероци на дизел моделот GLK, поради преголема емисија достигнаа 2,6 милијарди евра. Значи, не треба да изненадува што во вториот квартал Дајмлер претрпе минус од 1,2 милијарди евра, за прв пат по десет години.