Мерил Стрип и Роберт Де Ниро добиваат пари од продажбата на студиото на Вајнстин

Компанијата „Лантерн капитал партнерс, која го купува банкротираното филмско студио на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, соопшти дека се согласува да им плати на неосигураните кредитори, како што се актерите кои побаруваат заостанати хонорари, а меѓу нив се и холивудските ѕвезди Роберт де Ниро, Бредли Купер и Мерил Стрип.

Овој договор беше постигнат во рамки на купувањето на студиото „Weinstein Ko.“, вредно 289 милиони долари, објави АП. Договорот сега мора да биде одобрен од судијата, а расправата е закажана за среда во Делавер.

Де Ниро и Бредли Купер велат дека студиото на Вајнстин на секој поединечно им должи 940.706 долари за филмот „Во добро и во лошо”, додека на Мерил Стрип студиото и останало должно 168.611 долари за филмот „Август во округот Осејџ“.

Студиото на Вајнстин банкротираше во март, откако претрпе штета поради обвиненијата против познатиот продуцент за сексуално вознемирување.