Една од најпочитуваните актерки во Холивуд, Мерил Стрип (71) откри во интервјуто со познатиот водител Стивен Колберт интересни детали од снимањето на филмот на режисерот Адам Мекеј, „Не гледај горе“ во кој глумат многу филмски sвезди.
– Филмот зборува за глобалната катастрофа, но исто така е и смешен, нешто како „Dr. Strangelove“ за 2020 година за глобалното затоплување. Јас играм претседателка на САД. Првата сцена ја снимивме пред неколку дена и јас бев катастрофална – објаснила Стрип.
Да потсетиме, „Dr. Strangelove“ е американско-британска политичка сатира во режија на Стенли Кјубрик, која раскажува приказна за еден луд генерал на американското воено воздухопловство, кој наредува прв нуклеарен напад на Советскиот сојуз. Американскиот претседател и неговите советници потоа се обидуваат да потсетат на воените авиони за да спречат нуклеарна апокалипса.
Стрип откри како изгледа да се снима во време на пандемијата на коронавирусот.
Во филмот исполнет со sвезди играат и Џенифер Лоренс, Леонардо ди Каприо, Џона Хил, Аријана Гранде, Тимоте Халамет, Метју Пери, Кејт Бланшет и многу други. Секој, вели таа, тешко се навикнува на условите на „новата нормалност“.
– Треба да бидеме претпазливи додека снимаме, а јас бев целосно сама на снимањето. Веќе во првата сцена, влегувам на стадионот пред 20 000 луѓе, кои со монтажата ќе се дуплираат. Се разбира, имаше само неколку. Осамени луѓе беа оддалечени на 6 метри, носеа маски и визири. Статистите навиваа во знак на добредојде, но имајќи предвид дека имаа маски звучеа пригушено. Сè беше морничво, необично и збунувачки. По долго време си го видов лицето на огромниот екран и бев целосно блокирано. Не можев да се сетам на текстот, тој беше морничав. Морам да се средам до понеделник – заклучи актерката.
Во филмот преполн со sвезди играат и Џенифер Лоренс, Леонардо Диаприо, Џона Хил, Аријана Гранде, Тимоте Халамет, Метју Пери, Кејт Бланшет и многу други. И на сите им е тешко да се навикнат на новите услови.