Меркел ја повлекла одлуката за строгото „затворање“ за Велигден

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повлекла одлуката за дополнителните рестриктивни мерки коишто требеа да бидат воведени за католички Велигден по острите критики на оваа одлука, дознаваат во средата од учесниците на состанокот на канцеларката и премиерите на сојузните покраини.

Меркел на учеснциите на вонредно закажаниот состаник им кажала дека нема да биде применет договорот, којшто таа и премиерите го постигнале во вторникот во мугрите, за мерките коишто би требало да важат за Велигденските празници, а според кои повеќето продавници би требало да бидат затворени, а бројот луѓе на семејните средби дополнителни би требало да биде ограничен.

Критиките со коишто беше дочекан овој договор пред два дена се однесуваат во прв ред на тоа што и покрај маратонските разговори меѓу канцеларката и покраинските премиери, клучните елементи од договорот всушност останаа нејасни.

Германската бизнис заедница и претставниците на индустријата тврдат дека не им е јасно што мерките за велигденското затворање всушност значат во практиката.

„Станува збор за моја грешка“, рекла Меркел според изворите на германската службена новинска агенција DPA.

Спроред овие извори, причина за ваквата одлука е што затворањето или силното ограничување на деловните актовности од 1-ви до 3-ти април би било тешко применувано.

Засега не се знае дали постоел алтернативен план за стивнување на силниот трет бран на заразите со коронавирусот.

Германската сојузна и покраинските влада договорија продолжување на затворањео до 18-ти април, и ги повикаа граѓаните во текот на Велигденските празници пет дена да останат во своите домови за да го спречат третитот бран на епидемијата, објави рано утрото во вторникот Меркел.

Канцеларката во преговорите кои треаеле до длабоко во ноќта кон вторникот ги поттикнала челниците на 16-те германски сојузни држави на поострите ставови во борбата против пандемијата, правејќи пресврт во плановите за постепеното отворање на економијата, договрено претходно во март.

Од друга страна, пак, сѐ е поголемо незадоволството на германските граѓани од строгите рестриктивни мерки, а владејачката Христијанско-деморкатска унија (CDU) на Меркел бележи силен пад на популарноста во пресрет на парламентарните избори закажани за крајот на септември.