Меркел е задоволна од договорот за брегзитот, но предупредува

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот изрази задоволство од нацрт-договорот за истапувањето на Велика Британија од Европската унија, меѓутоа предупреди на опасностите доколку тој не биде финализиран.

„Многу сум задоволна од тоа што по долгите преговори кои не се секогаш лесни успеавме да го составиме предлогот“, изјави гермнската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата одржана во Потсдам. Притоа истакна дека текстото треба да го прифатат британските пратеници, но и пратениците во парламентите на другите земји членки на Европската унија.

„Најлошото би било доколку во крајна линија не би добиле никаков договор…. Таа алтернатива не смееме да ја заборавиме“, предупреди канцеларката кога истовремено нејзината британска колешка по должност Тереза Меј се обидува да ги привлече подделените пратебници во британскиот парламент да го прифатат нацрт-договор. Меркел притоа изрази надеж дека текстот од договорот е „основа“ за постигнување на конечниот договор за брегзитот.

Вицеканцеларот Олаф Шолц, кој воедно е и министер за финансии во германската влада, исто така, предупреди на можноста од неуспех на процесот на истапувањето на Британија од ЕУ,

„Најлошото што може да се случи е брегзит без договор, како за граѓаните, така и за економските изгледи“, изјави на истата прес-конференцијата Шолц кој доаѓа од Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Нацртот-договор кој со мачни преговори го постигнаа европските и британските преговарачи е примен со олеснување во деловните кругови во двете страни, но предизвикува критики и бунт во Конзервативната партија на британската премиерка Меј и во четвртокот пред нејзиното обраќање пред пратениците четвроциа нејзини министри си поднесоа оставки, поради, според нивното мислење – лошиот договор.