Белорускиот претседател Александр Лукашенко и германската канцеларка на заминување Ангела Меркел во текот на вториот телефонски разговор се согласиле дека за ситуацијата со мигрантите на границата меѓу Белорусија и надворешната источна граница на Европската унија директно треба да дискутираат двете страни, објавија во средата на социјалните мрежи извори од опкружувањето на Лукашенко.
„Се договоривме проблемот во целина да се издигне на ниво на Белорусија и ЕУ, и притоа релевантните функционери, коио ќе бидат одредени од двете страни веднаш да стапат во преговори со цел да се разрешат постојните проблеми“, се вели во објавата на Telegram-каналот на кабинетот на Лукашенко.
Се истакнува дека во истиот дух ќе се разгледуваат и желбите на мигрантите да заманат во Германија. Меркел го запознала Лукашенко и со брањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен,Белорусија да учествува во активностите на меѓународните организации кои се занимават со бегалската проблематика кои веќе активно соработуваат со белоруската страна.
„Разговорот се однесуваше на ситуацијата на границата на Белорусија со земјите на ЕУ. Разговарајќи детално за проблемот со бегалците, двете страни дојдоа до одредени разбирање за тоа како да дејствуваат и да продолжат во решавањето на постојните прашања… Беше договорено (… ) проблемот како целина да се издигне на ниив на Белорусија и ЕУ“, објави во средата белоруската службена новинска агенција БелТА повторувајќи ја претходната објава.
Според портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, канцеларката Ангела Меркел на нагласила потребата од хуманитарна поддршка на мигрантите и можноста за нивно враќање во татковините.
Од летото на границата на Белорусија со Полска и балтиките земји Литванија и Латвија, значително се зголеми бројот на илегалните преминувања и проток на мигранти од земјите од Блискиот исток и Африка, главно Курди од Ирак, кои се обидуваат да стасаат до богатите земји во западна Европа.
Ситуацијата ексалираше на 8-ми ноември, кога на границата со Полска која веќе постави бариери во форма на бодликава жица и почна да гради ѕид, се собраа повеќе од две илјади луѓе. Европската унија го обвинува белорускиот претседател Александр Лукашенко дека ја орекстрира мигрантската криза за да ѝ се одмазди на ЕУ за воведените санкции обвинувајќи го за насилно задушување на протестите поради неговиот реизбор на должноста. Мигрантите досега се обидоа неколкупати да ги пробијат бариерите, на кои полските безбедносни сили одговорија со солзавец и водени топови. На Полска територија изџминатите денови се пронајдени најмалку осум тела на починати мигранти. Во моментов се проценува дека во Белорусија има околу три ипол илјади мигранти во импровизиран логор близу полската граница, од кои досега само 140 се пријавиле да се вратот во Ирак со летови кои ги организира ирачката влада.