Меркел наклонета кон користењето на руската вакцина за Covid-19, ја отвори вратата и за кинеската

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во вторникот дека е наклонета кон користењето на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот во Европката унија, откако претходно научното списаие The Lancet објави рецензија со позитивните научни резултати за нејзината ефикасност.

„Ќе бидат добредојдени сите вакцини коишто ќе ги одобри Европската агенција за лекови (ЕМА), токму за тоа разговарав со рускиот претседател“, Владими Путин, изјави Меркле за државната телевизија ARD и ги поздрави „добрите научни податоци“ објавени во вторникот за руската вакцина „Спутник V“.

Меркел претходно на почетокот од јануари разговараше со Путин за можната соработка меѓу ЕУ и Русија за руските вакцини. Подоцна германската канцеларка изјави дека е можна таквата соработка од страна на нејзината земја, но ја истакна потребата препаратот да биде одобрен од ЕМА:

Руската вакцина „Спутник V“, која прва во светот доби одобрување за користење од националните регулатори во август 2020 година, на Западот беше пречекана со голема скепса дека не била доволно транспарентна. Во втората рецензија од независни експерти во списанието The Lancet која беше објвена во вторникот, се наведува дека таа е ефикасна во 91,6 отсто против симптоматските форми на Covid-19. Тоа значи дека „дополнително вакцината може да се приклучи во борбата за намалување на зачестеноста на Covid-19“, заклучуваат научниците.

„Отсекогаш велевме дека срдечно би го поздавиле секој што ќе побара регистрација од ЕМА…. Денеска ги водовме добрите резултати за руската вакцина. Секоја вакцина е добредојдена во ЕУ, но ќе бидат дозволени само оние кои на ЕМА ќе ѝ ги достават неопходните податоци“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервјуто за ARD.

Меркел, исто така, ја отвори вратата и за кинеската вакцина и истакна дека земјите како „Србија вакцинираат побрзо“ од остатокот на Европа „со кинеската вакцина“.

Нејзината влада е под критики поради бавната кампања на вакцинирањето на населението, во однос на земјите како Израел и Велика Британија, во прв ред. Фрустрациите на германските граѓани растат и поради бавната имунизација и поради ограниченото движење.

Соочена со нестрпливоста на јавноста, Меркел вети во разговорот за ARD дека „нема да чека целото население да биде вакцинирано за да го одобри ублажувањето на мерките. Тоа не е патот по кој самаме да одиме“, истакна германската канцеларка.

Ги повика Германците да „издржат уште некое време“ и предупреди на опасноста од разните нови соеви на коронавирусот.

„Нервите се напнати, пред нас е долг пат, а најтешко е во зима“рече Меркел и додаде дека Германија која има околу 83 милиони жители до крајот на првиот квартал ќе вакцинира 10 милиони луѓе.