Како никој да не сфаќа колку е тенка линијата меѓу воен конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот во врска со растечките тензии во источниот дел на Медитеранот меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да и оддаде признание на официјална Анкара за „спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земја во која има четири милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“.
„Во секоја прилика мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка Ангела Меркел.