Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди во видеопорака во саботата на влошување на хуманитарната ситуација ширум светот, наведувајќи дека пандемијата на коронавирусот и глобалното затоплување веројатно ќе предизвикаат натамошните вонредни состојби.
„Мораме да претпоставиме дека пандемијата и климатските промени ќе ги изменат околностите за многу луѓе ширум свтот. Како земја, важно е да ја мобилизираме хуманитарната помош“, изјави Меркел во својот неделен подкаст.
Меркел како пример ги наведе операциите на германската армија Бундесверот и активностите на Сојузната агенција за техничка помош (THW) во Либан по експлозијата во бејрутското пристаниште во кое загнаа досега околу 180 лица, а најмалку 6.000 се повредени.
Оваа екслозија покажа дека „кризата може застрашувачки брзо да се развие“, рече германската канцеларка.
Осврнувајќи се на Светскиот ден на химанитарната помош 19-ти август, Меркел ја истакна важноста од заштита на работниците кои пружаат помош.
„За жал, повежепати видовме дека тие се џцел на напади и дека се спречуваат да ја извршуваат својата важна работа. Треба да им се пружи заштита која им припаѓа според меѓународното право“, додаде Меркел.
„Луѓето впо земјите во кои државата е слаба или се води вооружен судир, често се без заштита кога ги погаѓа некоја криза. Тоа е причина поради којашто често се потребни политички решеније, хуманитарната помош може само накратко да помогне“, заклучи Меркел.