Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси е убеден дека е дојден “вистинскиот момент, вистинскиот час”, кој ќе покаже дали неговата репрезентација е доволно добро и квалитетна за да слави на престојниот Мундијал во Бразил.
„Мислам дека имаме многу силна група со фудбалери. Ваква група со фудбалери посакавме од првиот момент кога Сабела седна во селекторското столче. Овој тим е изграден со доверба, секој на секого му верува. Се гледа дека сме возбудени. Ова е вистинскиот час, ова е момент на вистината. Сега ќе видиме дали сме доволно квалитетни. Максимално возбудени ќе пристигнеме во Бразил. Сите сме возбудени, сите сме свесни дека имаме одличен тим, но тој тим мора да иде чекор по чекор”, изјави Меси.
Аргентина првиот натпревар од групната фаза ќе го одигра на 15 јуни, а за противник го има дебитатнтот на светската сцена, репрезентацијата на БиХ.