
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси го постигна единствениот гол на натпреварот против Гранада (1:0). Овој гол беше прв за Аргентинецот во Ла Лига во 2020 година. Така, Меси стана првиот играч кој постигнал погодок во првенството на Шпанија 16 години по ред.
Во најдобрите 5 лиги во Европа има само тројца играчи чија серија трае подолго: напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигнува гол 18 години по ред, фудбалерот на Верона, Џампаоло Пацини и напаѓачот на Бордо, Џими Бријанд – кои 17 последователни пгодини се запишаа во листата на стрелците.