Меси осуден на 21 месец зтворска казна

Фудбалерот на Барселона и еден од најдобрите играчи на денешницата Лајонел Меси осуден е на 21 месец затворска казна поради затајување данок, откако Судот во Барселона го прогласи за виновен за три точки од обвинението.

Освен Меси, на 21 месец притвор е осуден и неговиот татко, а на казната е можно да се поднесе жалба до Врховниот суд во Шпанија.

Сепак, според шпанскиот закон за дела чија што затворска казна изнесува помалку од две години можно е да се направи спогодба, па е речиси извесно дека Меси и неговиот татко Хорхе Хорацио нема да одат во притвор.

Судот му наложи на Меси да плати казна од околу два милиони долари, додека неговиот татко мора да плати 1,5 милиони.

Меси и татко му уште во 2013-тата се обвинети дека ја оштетиле Шпанија за над 4 милиони евра.

Инаку Меси и неговиот татко, што ги води неговите финансии, биле сослушани претходно пред судот во Барселона, по повод обвинението дека на Шпанија и’ останале должни 4,1 милиони евра на име неплатен  данок.