Сакав да се вратам во Барселона, но не можев уште еднаш да минувам низ сето тоа, затоа се решив за Интер Мајами, изјави аргентинскиот капитен Лионел Меси потврдувајќи ги наводите дека кариерата ќе ја продолжи во американската фудбалска МЛС лига.
Како што се претпоставуваше, Пари Сен Жермен е завршена епизода за 35-годишниот Меси. Во редовите на францускиот првак воопшто не се снајде откако дојде од Барселона, каде што дојде уште од најраната возраст.
Во средата многу медиуми пишуваа дека е сигурен трансферот на Меси во Интер Мајами, клуб кој е во сопственост на некогашната англиска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам, но беше наведено дека сѐ уште не е сигурно.
И при напуштањето на Барселона се шпекулираше дека Меси може директно да мине во Интер, откако во Мајами купи луксузен апартман. Сега самиот фудбалер потврди дека се сли на Флорида.
„Ја донесов одлуката, заминувам во Мајами. Не е уште сѐ договорено, но се решив на тој чекор. Идејата беше да се напушти Европа, оддалечувајќи се од рефлекторите и да се биде повеќе со семејството. Последните две години не бев среќен, иако имаше некои спектакуларни месеци како на крајот од минатата година го станавме светски прваци“, рече Меси.
„Многу посакував враќање во Барселона. Бев возбуден дека такво нешто е возможно, но по сѐ не сакав да ја минувам уште еднаш истата приказна. Слушнав дека морале да продаваат играчи, дека ги намалувале платите. Не сакав иднината да ми биде нестабилна“, појасни Аргентинецот.