Меси во комбинација за дерби пресметката против Атлетико (М)

Тренерот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, откри дека аргентинскиот интернационалец Лионел Меси ќе биде во комбинација за следниот првенствен дуел, пресметката против директниот ривал за шампионската титула, Атлетико (М).

„Ако целосно се рехабилитира од последната повреда, тогаш Меси ќе биде во комбинација за дерби пресметката против екипата на Атлетико (М). Меси ќе игра затоа што е подготвен за игра, а не поради фактот дека играме против директниот ривал за шампионската титула. Тренира со полн интензитет и делува одлично од психолошка и метална гледна точка. Можам да потврдам дека ќе има неколку измени околу првиот тим кој ќе се обиде да забележии позитивен резултат во натпреварот од Купот на Шпанија”, изјави Мартино.