Водството на социјалната мрежа Facebook извести дека на почетокот од декември ќе ја укине „рубриката“ вести во Велика Британија, Германија и Франција и ќе се фокусираат на кусите видео-содржини.
Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на Facebook на насочување на ресурсите на области коишто повеќе ги интересираат корисниците, тврдат во компанијата.
Корисниците ја посетуваат платформата, првенствено, поради социјалните врски и истражување на интересот, а не заради вести и политичка содржина, истакнуваат од компанијата. Според податоците на Facebook, информативната содржина сочинува помалку од 3 отсто од прегледите на платфромата на глобално ниво.
Промената нема да влијае врз другите производи и услуги на „Meta“ во Велика Британија, Германија и Франција и корисниците и натаму ќе можат да пристапат до медиумските написи преку споделените линкови.
Европските издавачи ќе го задржат присапот до своите сметки на Facebook и до рубриката Pages, кој им овозможува објава на линковите на содржините и ги насочува корисниците на нивните веб-страници. Ќе може да ги користат и производите како што се Reels и системот за огласување за да досегнат до поширока поблика и ќе го задржат комплетниот приход од линковите на надворешните поврзувања.
Facebook ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Германија и Франција додека не истече нивната важност, но не планира да склучува нови за објава на информативна содржина на Facebook News.
Истакнуваат дека не подготуваат нови производите посебно прилагодени на издавачите на вести, истовремено истакнувајќи дека ќе бидат истрајни во поврзувањето на кориснициет со „веродостојните информации“. Компанијата соработува со независни „факт чекери“ кои добиле сертификати од Меѓународната мрежа за проверка на фактите, во анализа и оценка на потенциијални вирални дезинформации во своите апликации, порачуваат.