Технолошките компании сопственици на социјални платформи и интернет пребарувачи Meta, Google, Twitter и Microsoft договорија во четвртиот да преземат поцврст став против дезинформациите според новиот надополнет кодекс ан Европската унија според кој би можело да бидат тешко казнети доколку не го сторат тоа.
Повеќе од 30 потписници, вклучително и тела за реклами и промоции се обврзаа на ажурираниот Кодекс за сузбивање на дезинформациите, соопшти Европската комисија.
Потписниците се согласиле дека ќе сторат повеќе во борбата против манипулативните видедозаписи, лажните профили и политичкото рекламирање. Од друга страна, непочитувањето на кодексот на компаниите може да им донесе казна и до 6 отсто од глобалниот промет, соопштија од ЕУ минатата седмица.
Компаниите, меѓу коишто се и TikTok и Twitch, спортската стриминг платформа на Amazon, имаат шест месеци да се усогласат со своите ветувања дека ќе мора да претстават извештај за напредокот на почетокот од 2023 година.
„Новиот кодекс е доказ дека Европа ги научила своите уроци и дека повеќе не сме наивни“, изјави потпретседателката на Европската комисија, Вера Јуркова на прес-конференција.
Додаде дека руската инвазија во Украина, пандемијата на Covid-29 и повлекувањето на Велика Британија од Европската унија го забрзале настојувањето на ЕУ да ги сузбие лажните вести.
Санкциите би можело да вклучуваат и забрани за компаниите, додаде Риери Бретон, еврокомесарот за внатрешен пазар.
„Доколку постои постојано кршење ан правилата, исто така, можеме да го разгледаме нивниот пристап кон нашиот простор за информирање“, рече Бретон на прес-конференцијата.
Критичарите, како што е Здружението на комерцијалните телевизии и услуги за видео на барање во Европа (ACT), велат дека постојат големи пропусти во ревидираниот Кодекс.
„Измените не нудат конкретни обврски за ограничување на ‘недозволено манипулативно однесување’. Обврските не одат потаму од генерализација да се следи законот кој е очигледен и не го бара Кодексот“, соопштија