„Meta Platforms“ ја укина „проверката на факти“ во САД

Гигантот на социјалните медиуми „Meta Platforms“ во вторникот ја укина таканаречената контроверзна „проверка на фактите“ (fact-checking) во Соединетите джави и ќе го замени со систем заснован на заедницата сличен на оној на X и ќе ги олесни ограничувањата за дискусија за контроверзни теми како што се миграцијата и родовиот идентитет.

Овој потег означува пресврт во политиката за таканаречената „умереност“ на содржината на платформите на „Meta“. Овој потег доаѓа набргу откако компанијата го именуваше истакнатиот републиканец Џоел Каплан за шеф на секторот за глобални прашања и го избра Ден Вајт, извршен директор на Ultimate Fighting Championship и близок пријател на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, во Одборот на директори.

„Дојдовме до точка каде што едноставно има премногу погрешно и премногу цензура. Време е да се вратиме на нашите корени за слободата на изразување“, рече Марк Цукерберг во видеото.

„Ќе се фокусираме на намалување на грешките, поедноставување на нашите политики и враќање на слободното изразување на нашите платформи. Ќе ги прилагодиме нашите филтри за содржина за да бараме многу повисоко ниво на доверба пред да ја отстраниме содржината“, додаде Цукерберг.

Укинувањето на „проверката на факти“, започнато во 2016 година, изненади некои партнерски организации.

„Не знаевме дека ова се случува и тоа нѐ шокираше. Ова дефинитивно ќе влијае на нас“, рече Џеси Стилер, главен уредник на Check Your Fact.

Најновите промени ќе ги опфатат Facebook, Instagram и Threads, трите најголеми платформи за социјални медиуми со повеќе од три милијарди корисници ширум светот.

Цукерберг изрази жалење во последниве месеци за одредени практики за умереност на содржината на различни теми, вклучително и коронавирусната болест ковид-19.

Меѓутоа, во август 2024 година, Цукерберг изјави дека високи функционери во администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден од Демократската партија, вршеле притисок врз неговата компанија да цензурира содржини поврзани со ковид-19 за време на пандемијата.

Цукерберг на ланскиот 26-ти август му пишал на Судскиот комитет на Претставничкиот дом на Конгресот на САД и рекол дека жали што претходно не зборувал за ситуацијата, како и за некои од одлуките што ги донел како сопственик на Facebook, Instagram и WhatsApp, кои се поврзани со отстранување на содржини.

„Во 2021 година, високи функционери од администрацијата на Бајден, вклучително и Белата куќа, постојано вршеа притисок врз нашите тимови со месеци да цензурираат одредени содржини поврзани со ковид-19, вклучително и хумор и сатира, и беа многу фрустрирани кога се спротивставивме“, напиша тогаш Цукерберг во писмото што Комитетот го објави на својата Facebook страница.

„Сметам дека ваквиот притисок од властите е погрешен и жалам што не бевме поотворени за тоа. Исто така мислам дека донесовме некои одлуки кои со новостекнатото искуство и знаење денес немаше да ги донесеме“, додаде тогаш челникот на „Meta Platforms“.

Цукерберг го упати писмото до републиканецот Џим Џордан, претседател на комитетот. Комитетот на Фејсбук соопшти дека ова писмо е голема победа за слободата на говорот и оти Цукерберг признал дека Фејсбук ги цензурирал Американците.

Во писмото Цукерберг наведе и дека нема да донира за изборната инфраструктура за време на ланските претседателски избори. За време на претходни оследните избори, кои се одржаа во 2020 година за време на пандемијата, Цукерберг донираше 400 милиони долари за изборната инфраструктура преку иницијативата Чен Цукерберг, за што беше критикуван од некои групи. Но „Meta Platforms“, сепка, донираше милион долари во инаугуративниот фонд на Трамп, што е отстапување од досегашната практика.

„Meta Platforms“ објави дека постепено ќе започне со објавување на Забелешки за заедницата во САД во текот на следните неколку месеци и ќе го усоврши моделот во текот на годината. Новиот модел ќе им овозможи на корисниците да одговорат на објавите кои се потенцијално погрешни и имаат потреба од поголем контекст, наместо да ја префрлаат одговорноста на независни организации и експерти за проверка на факти.