Македонскиот ракометен вицешампион Металург освои само бод на гостувањето кај Динамо (Минск).
Избраниците на тренерот Лино Червар во рамките на деветтото коло од Лигата на шампионите ремизираа -23:23 (11:13), а најзаслужен за ремито беше Гоце Ојлески , кој беше прецизен од седум метри по истекот на регуларните 60 минути од натпреварот.
„Металурзите“ на два пати имаа можност да поведат, но не успеаја. На две минути пред крајот, Динамо Минск имаше водство од еден гол 23:22 и напад, за да го реши мечот. Велко Марковски беше исклучен на две минути, но Дарко Станиќ успеа да одбрани, по што Металург го доби последниот напад, во обид да стигне до израмнување. На три секунди до крајот Циндриќ се избори за седмерец, а по истекот на времето Ојлески го реализираше пеналот.
Дарко Станиќ имаше 16 одбрани, Ренато Вугринец постигна пет погодоци, а Ојлески беше стрелецна четири голови.