Металург пак му одржа лекција на Колдинг и се пласира во 1/4 финалето во ЛШ

Ракометарите на Металург го повторија успехот од минатата година во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар се пласираа во 1/4 финалето, откако славеа и во реваншот од осминафиналето на гостувањето кај Колдинг со 30:26 (15:13).
Тимот од Автокомада повторно одигра перфектен натпревар, а ја тресеше мрежата на противникот и со двајца играчи помалку. Металург највисоката предност ја направи во 52 минута, поведе со пет разлика 27:22, по што беше јасно дека како победник ќе излезе од дуелот со Данците.

Најефикасен во македонскиот тим беше Ренато Вугринец со 10 голови, Атман постигна девет, а Дарко Станиќ нанижа со 12 одбрани.