Времето денеска ќе бид претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и со утринска магла по одделни котлини, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во подрачјето на Скопје магливо и студено во поголем дел од денот, а рано попладне поради северниот ветер е можно зголемување на видливоста и ослабување на маглата. Температурата во Скопје се очекува во текот на денот да биде околу два степени.
Најтопло ќе биде во Гевгелија каде се очекуаат максимални 13 степени.