Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.
Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата, истакнува Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот.