Функционери од СДСМ потврдија преку социјалните мрежи дека се подготвува чистка само на неистомислениците.
Емил Јорданов од СДСМ на својот Фејсбук профил објави и посветен текст по повот чистката и метлата на Заев.
-За локалните војничиња на ДМПМНЕ:
(појаснување на терминот метла)
1.Начин на вработување 2009-2026
-Членување во одбори, органи и тела на блиски членови од семејството- непотизам
-поднесување на пријави до антикорупциска
-Во Истокот ги имаме барем 1500
2.Преглед на персонално досие
-оглас за работна позиција
-вид и степен на образование
-реализиран учинок согласно работното место
3.Проверка на дипломи за завршено средно и високо образование
-барање на досие од Универзитет/факултет
-проверка на дати на полагани/положени испити
-барање на целосно досие од комисијата за нострификација на дипломи за завршено високо образование, магистратура и докторат.
-проверка на фалсификувани дипломи.
4.Проверка на боледување и злоупотреба на истото
-партиски активности
-прошетки надвор од државата
5.Поранешни функционери, директори, раководители
-целосна финансиска ревизија од страна на независен ревизор
-целосна ревизија за активности и задачи предвидени во планови за работа
-финансиска ревизија на инспектори вработени во подрачните министерства за стекнување на имотна и финансиска состојба во период од 2009 до 2016 година.
Еден искусен упорен политичар рече, Ние сме за едно општество, можеби некогаш наивни, но не и глупави.
Посветено на малите членовчиња на ДПМНЕ и квазипатриотите од Истокот, стои во неговиот пост на Фејсбук.