Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконструкцијата што ја најави Заев. Според неофицијални информации премиерот бил незадоволен од работата во секторот екологија и ќе бара од ДУИ смена во раководната позиција на ова Министерство, пишува Фокус.
Се уште не е познато кој би го наследил Дураки, доколку биде повлечен, но албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.