(ВИДЕО) Шекеринска нема пари за тоалетите во касарните, но има за финансирање невладини

267

На социјалните мрежи е објавено видео од целосно неупотребливи тоалети за кои се тврди дека се снимени во скопската касарна „Илинден’ каде што е сместена елитната единици на македонската армија којашто в година треба дел од НАТО.

На видеото кое го објавува лице кое се претставува како припадник на АРМ, се забележуваат сосема руинирани санитарни јазли, каде што војниците веројатно мораат да вршат нужда и да ја одржуваат хигиената.

Министерството за одбрана досега не реагираше на овие снимки, и наместо на санирање на објектите кои се под негова наделжност се ориенира на финансирање невладини организации и набавки на колачи и торти, морски плодови и ткн. Така во август минатата 2018 година со потпис на министерката Радмила Шекеринска додели средства на невладина организиции во чиишто раководства се министри од владата на Зоран Заев.

Министерот без ресор од ЛДП, Зоран Шапуриќ е заменик претседател во УО на здружението „Мултикултура“ кое добило 400.000 денари. Уште еден министер без ресор, Аксел Ахмедовски од ПЦЕР, основач и претседател на УО на невладината организација „КХАМ“, на која министерството доделило 150 000 денари.

Во јавноста, исто така, сѐ уште се свежи сеќавањата на, во најмала рака, скандалозни набавки и критиките оти намеесто инвестиции во посилна и помодерна армија, Министерството за одбрана предводено од вториот човек во СДСМ, Радмила Шекеринска, инвестира во елитистичките желби на министерката, како што се набавката на лешници и морски плодови.

Така повеќе од 60.000 евра беше вредноста на тендер на Министерството на одбрана, парафиран од министерката Радмила Шеќеринска ланскиот октомври, но не за потребите на војската во смисла на вооружување, униформи или, пак, квалитетна храна за војниците. Тогаш стануваше збор за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата.

Шекеринска инаку беше на удар на критики на јавноста откако набрзо по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници).

Тогаш на Електронскиот систем за јавни набавки, имено беше објавен Оглас за доделување договор за јавна набавка за Министерството за одбрана во вредност од токму, без ДДВ, од 4.860.952,00 ’денари. Од описот може да се забележи дека покрај замрзнатие скуши и ослиќи кои најверојатно ќе завршат во касарните, ресорот на Шекеринска ќе набавува и скапите риби како свеж крап од „екстра класа“, котлети од лосос, шкарпина, пангаа, па лигни, школки дагњи и ракчиња шкампи.

Шекеринска и на почетокот од септември минатата година изврши набавка на морски плодови, според оглас за кој договорен орган беше Министерството за одбрана, исто така, за 4.860.952,00 денари без ДДВ, односно околу 80.000 евра, откако десетина дена претходно за потребите на нејзината трпеза во министерството објави набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци за 5.000 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.