Никола Мицевски, координатор на пратеничката група и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Анализа на телевизија 24 му порача на Јован Митрески, координатор пратениците од владејачката СДСМ дека сѐ што ќе пристигне во собранието како штетни законски решенија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стопира, нагласувајќи дека на народот му е доста од неспособноста и лошите политики на владата на СДСМ.
Мицевски го повика Митрески да престане да користи празни флоскули, туку сега кога ќе излезе да види каков хаос се случува на бензинските пумпи, додавајќи дека народот нема од каде гориво да наточи, а единствено што успеа СДСМ да направи се четирите кризи со кои се соочуваат граѓаните.
„Народот ве прочита. Ќе се искористат сите алатки за сите штетни закони и политики од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат сопрени. Овој народ доволно ја трпеше неспособноста на оваа влада. Единствено успеавте четири кризни состојби да воведете, сега кога ќе излеземе погледнете на бензинските пумпи што се случува низа државата. Не убедувавте дека немаме криза, дека имаме стоковни резерви, но испадна дека не е така“, рече Мицевски.
„Доста со тие празни флоскули, сега ќе излеземе гориво нема каде да наполните, погледнете што е низ државата. Штетни сте вие со вашето владеење“, му порача Мицевски на Митрески.