Мицевски: Минатата година бевме сведоци дека датум ќе добиеме во јуни, но датум за преговори нема

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на телевизиска дебата со пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на 24 Телевизија, истакна дека минатата година сме биле сведови на датум за преговори во јуни оваа година, но јуни дојде, а гледаме дека нема никакво поместување, не убедуваа дека со промена на името автоматски ќе добиеме датум за преговори, вели тој.

-Очигледно е дека промената на име не била една од препораките за добиње на датум за преговори, беше пречка, но беше услов за добивање на датум за преговори, вели Мицевски.

Мицевски објасни дека кристално јасна и чиста препорака нема, туку имаме 10 та препорака, која е продолжеток на тие препораки кои ги добиваме од 2009 година.

Доколку го читаме извештајот ќе увидиме дека Европската унија има забелешки во клучни области како што се непотизмот, политичките вработувања и назначувања, правосудството, економијата итн. Сметам дека ова се главните сегменти и теми на кои што треба да работиме во наредниот период, вели пратеникот Мицевски.

Посочи дека моментот на добивање на датум за преговори ќе се случи кога една сериозна влада ќе седне и ќе работи по сите забелешки и реформи, но не да работи по планот 3-6-9 само на хартија, кој што пратениците не успеале ни да го видат.

Ова што се говори не е само во Извештајот туку ова граѓаните го чувствуваат, сметам дека шансите за добивање на датум за преговори се многу минимални, датумот точно е дека ќе отвори нови перспективи за оваа земја, но не со овие реформи и со оваа владеачка структура во Република Македонија.

Мицевски истакна дека би сакал да се намали еуфоричниот оптимизам кај СДСМ, затоа што конкретните забелешки кои ги дава ЕУ не можеме да ги отстраниме со зборови, затоа што нам ни требаат конкретни дела.