Денес на собраниската седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски посочи дека министрите не го почитуваат дадениот рок за одговарање на пратенички прашања, a власта свесно бега од прашањата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
И овие пратенички прашања ги започнуваме скоро со еден час задоцнување, ова веќе преминува во навика на оваа влада да го избегнува денот кога има одговори на пратенички прашања. Пред се на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои што имаат прашања кои што доаѓаат директно од граѓаните, заклучи Мицевски.
Мицевски додаде дека во салата има нешто помалку од десет министри од Владата, и неколку заменици министри.
Дали е ова целиот или вкупниот број на министри и заменици министри ќе кажат граѓаните затоа што од бројките што ги гледаме ова е влада со најмногу министерства со 2 на број. Дополнително согласно член 42 став 3 одговорите на пратеничките прашања должни се министрите на кој што писмено им се доставени да ги достават во рок од 20 дена. За ваша информација реагирав пред неколку седници на пратенички прашања нема одговори добиено на пратенички прашања на дел од колегите Дафина Стојановска нема добиено одговор од МЗ од 28.11, Ванковер Манчев нема добиено одговор од МЗ од 05.10, Димков Трајче нема добиено одговор од МЗШВ од времето кога министер беше Љупчо Николовски, истакна Мицевски.
Мицевски образложи дека според Деловникот рок е 20 дена, а одговори на пратенички прашања министерствата не доставуваат и не го почитуваат дадениот рок.