![micevski-197694](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/micevski-197694.jpg?resize=640%2C387&ssl=1)
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери осумте исклучени пратеници да не ги ословува како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ затоа што на 2 ноември 2018 година до Собранието испратен е допис по кој е известено дека дел од пратениците кои ја формираа новата пратеничка група во Собранието се исклучени од членството на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара веднаш да се преземат сите мерки и активности за истите да не го користат името и симболот на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа колегите да ги ословувате како независни пратеници, затоа што власта не може да си нарача опозиција и да дебатира со нив. Може утре било кој пратеник да излезе од редовите на било која пратеничка група и да се нарече независни пратеници од СДСМ, ДУИ и тоа не е правата слика и супстанцијата која што треба да ја дадат преговорите на власта со опозицијата, потенцираше Мицевски.