Мицевски: Владата многу споро реагираше на справување со пандемијата во Македонија

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на телевизија 24 зборуваше како владата на СДСМ се справува со пандемијата каде посочи дека од самиот почеток владата се постави многу споро реагираше на сета оваа ситуација и не ја сфати доволно сериозно оваа пандемија.

– Ние имаме около 100 ново заразени или околу 10- 11 починати. Она што допринесе на целата оваа состојба по мене е мекиот однос на самиот почеток на кризата од страна на владата однос на првото доаѓање на луѓето кои што работеа во странство и неконтролата на граничните премини како и на нивното престојување односно движење низ Република Македонија. Тоа ја прошири пандемијата во Република Македонија, не дека Република Македонија ќе беше имуна на целата состојба со тоа што се случува. Меѓутоа спората реакција од страна на владата, несфаќање на доволно сериозно на проблемите кои се појавуваа на почетокот допринесе да дојдеме во оваа ситуација, истакна Мицевски во своето гостување.

Тој во своето гостување посочи дека со самата пандемија СДСМ и владата сакаа да прават владин пи-ер во одреден период но, тој период претставуваше психичко малтретирање на граѓаните во Република Македонија за подоцна откако увидоа дека не се добива поени на здравјето и безбедноста на граќаните да олабават со сите тие нивни активности.