Мицкоски 2023-та ја завршува со убедлив раст на личниот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и најава за инвестициски бум во 2024-та во општините

Претедателот на ВМРО-ДПМНЕм Христијан Мицкоски годината ја завршува со најава за нови проекти кои ќе започнат со реализација во првите три месеци од новата 2024 година во 15 поголеми општини во вкупна вредност од 934.000.000 денари.

Како што го најави овој инвестициски развој Мицкоски на прес конференција, во 2024 година градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестираат во нови градинки, училишта, спортски сали, локални патишта, градски улици, фабрики и амбуланти, кои значително ќе го олеснат животот на граѓаните.

Ќе се почне со градба на градинки, локални патишта, училишта, амбуланти, спортски сали кои се од огромно значење за овие 15 општини. Морам да признам дека сите овие 15 општини ги завршија проектите и истите се ревидирани и само следи формално отпочнување на истите, рече Мицкоски на прес конференцијата.

Во скопската општина Аеродром, Мицкоски истакна дека ќе се отпочне доградба и надградба на нова детска градинка и тоа објектот „Изворче“, како и надградба и доградба на ООУ „Блаже Конески“. Двата проекти се во вредност од 170.000.000 денари.

Во општина Аеродром, кај Тимчо Муцунски ќе се отпочне со проект за доградба и надградба на нова детска градинка и тоа објектот „Изворче“ за што ќе се инвестираат 70.000.000 денари и почеток на инвестиции за проект за надградба и доградба на ООУ „Блаже Конески“ за што ќе се вложат нови 100.000.000 денари. Тоа се два нови капитални објекти за Аеродром, градинка и училиште во вредност од 170.000.000 денари, истакна Мицкоски.

Во Кисела Вода и Гази Баба, Мицкоски најави доградба на градинката „8ми Март“ во населбата Расадник и нов проект за изградба на ОУ „Климент Охридски“, додека во Гази Баба најави изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“.

Во општина Кисела Вода, кај Орце Ѓеоргиевски се почнува со проект за доградба на градинката „8ми Март“ во населба Расадник за што ќе се инвестираат 60.000.000 денари и нов проект за изградба на ОУ „Климент Охридски“ во село Драчево за што ќе се инвестираат нови 80.000.000 денари. Двата проекти од вкупна вредност од над два милиони евра се долго очекувани и насушно потреби за жителите на Кисела Вода. И само да повторам што се однесува до овие проекти истите се завршени, ревидирани и во периодот кој што следи таму некаде втората половина на јануари месец ќе се објави јавната набавка, а некаде втората половина на март месец со што е потврдено и од самите градоначалници ќе биде ставен камен темелник и ќе започне изградбата на овие капитални проекти.

Во општината Гази Баба кај Боби Стефковски, каде исто така во тек се повеќе други капитални проекти, многу скоро се започнува со нов проект за изградба на ново основно училиште „Крсте Мисирков“ за што ќе се инвестираат нови 110.000.000 денари. Значи Гази Баба добива ново основно училиште, вели тој.

За Ѓорче Петров, Мицкоски најави изградба на нова детска градинка во населеното место Стопански двор, со што ќе се реши децениски проблем со згрижување на најмалите, а во скопски Бутел ќе се реконструира детска градинка.

Во Општина Ѓорче Петров кај Александар Стојовски се започнува со проект за изградба на објект детска градинка во населено место Стопански двор за што ќе се издвојат нови 60.000.000 денари. Градинките се преполни, а сега со овој чекор се излегува во пресрет на долгогодишното барање на жителите на Стопански двор.

Во општина Бутел кај Дарко Костовски се започнува со инвестиција за проект за реконструкција на детска градинка за што ќе бидат инвестирани 52.000.000 денари, додаде претседателот Мицкоски.

Граѓаните пак на Илинден ќе добијат амбуланта во центарот на Илинден, но и реконструкција на улица 9 и 532, за кои што рече дека се во лоша состојба. Средствата за пвое два проекти се 20.000.000 денари.

Во Општина Илинден кај Александар Георгиевски се започнува со проект за изградба на амбуланта во центарот на Илинден за што ќе се инвестираат 8.000.000 денари како и проект за реконструкција на улица 9 и улица 532 кои сега се во очајно лоша состојба и за што ќе бидат инвестирани 12.000.000 денари. Или вкупно 20.000.000 денари во Илинден за градба на амбуланта и улици, изјави Мицкоски.

По 90.000.000 денари ќе изнесува изградбата на спортската сала „Џексон” во општина Штип, како и проектите за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ООУ „Кочо Рацин” и изградба на училишна спортска сала во ООУ „Ванчо Николески” во општина Охрид.

Во Општина Штип кај Иван Јорданов се започнува со проект за изградба на спортската сала позната „Џексон” за што ќе се инвестираат околу 90.000.000 денари. Ова беше ветување и во изборната програма за Општина Штип.

Во Охрид каде градоначалник е Кирил Пецаков ќе се започне со проект за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ООУ „Кочо Рацин” за што ќе се инвестираат 70.000.000 денари, како и изградба на училишна спортска сала во ООУ „Ванчо Николески” за што ќе се одвојат и инвестираат 20.000.000 денари, нагласи тој.

Мицкоски најави дека во општина Битола ќе се инвестираат 110.000.000 денари за реконструкција на улица 8 Септември во должина од 1400м, како и поставување на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема и експропријација.

Во Општина Битола каде градоначалник е Тони Коњановски ќе се инвестира во проект за реконструкција на улица 8 Септември во должина од 1400м, како и поставување на атмосферска канализација, водоводна инсталација, коловозна конструкција, улично осветлување, реконструкција на пропуст над Раштански порој, поставување на сообраќајна опрема и експропријација за што ќе се инвестираат 110.000.000 денари. Тоа се средства кои се обезбедени за овој проект од страна на буџетските средства кои беа дел на реструктуирање на буџетот. Инаку вкупната инвестиција таму ќе надмине околу 180 милиони денари, останатите средства општината ќе ги обезбеди од сопствениот буџет. Инаку вака на долго кажано тоа подразбира улица со сета дополнителна инфраструктура која е потребно за да биде тоа завршено. Инаку кај народот тоа е познато како влезот во Битола од страна на Прилеп нешто што со децении не е направено и сега еве ќе биде конечно почнато и завршено. Исто и во Битола, и во Охрид, и во Штип проектите се готови, процесот е започнат јавните набавки се очекуваат во втората половина на јануари, камен темелник таму некаде втората половина на март месец почетокот на април, кажа претседателот Мицкоски.

Во Прилеп, Мицкоски најави решавање на проблемот со отпад преку изградба на фабрика за рециклирање на отпад во вредност од 90.000.000 денари и додаде дека во Пехчево, Јегуновце, Македонски Брод и Свети Николе ќе се изврши реконструкција на улици и локални патишта.

Во Општина Прилеп кај Борче Јовчески се отпочнува со проект за изградба на фабрика за рециклирање на отпад со што ќе се реши долгогодишниот проблем со третман на отпадот во општината. За оваа цел ќе се инвестираат 90.000.000 денари.Во Општина Пехчево кај Александар Китански се започнува со проект за реконструкција на локален пат од село Чифлик до село Умлена за што ќе се инвестираат 18.000.000 денари.

Општина Јегуновце кај Диме Костадиновски се отпочнува со проект за реконструкција на локален пат с. Копанче – село Туденце – село Сиричино за што ќе се инвестираат 12.000.000 денари, како и реконструкција на локален пат во самото село Сиричино – за што се вложуваат 3.000.000 денари. Вкупно за двата проекти ќе се инвестираат 15.000.000 денари.

Македонски Брод кај Жарко Ристески се почнува со проект за реконструкција на ул. „Кирил и Методиј” и краците за што ќе се инвестираат 15.000.000 денари.

Општина Свети Николе кај Дејан Владев ќе се отпочне со инвестиција во проект за мост на река Периш и асфалтирање на улицата на тој потег, инаку инвестиција во вкупна вредност од 20.000.000 денари.

Како што нагласи Мицкоски, 24.000.000 денари ќе се инвестираат во реконструкција на спортски терени и поставување на урбана опрема во општина Велес

Општина Велес се започнува со проект за реконструкција на спортски терени и поставување на урбана опрема за што ќе се инвестираат 24.000.000 денари, вели Мицкоски.

Средствата за овие проекти како што рече Мицкоски се пари на граѓаните, укажувајќи дека ова се само мал дел од проектите кои што ќе ги реализираат градоначалноците на ВМРО-ДПМНЕ во следната 2024 година, како и дека со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира подеднакво во сите општини без разлика на политичката припадност на градоначалниците.

2023 година за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше успешна година од аспект на реализација на проекти, реализација на две кампњи на ВМРО-ДПМНЕ, Ова е Македонија за сите, и Важно е! Од тебе зависат промените, па се до убедливата поддршка од страна на граѓаните изразена преку големиот број на мерење на јавното мислење од релеванти агенции кои покажуваат раст на неговиот рејтинг, како и убедлива победа на полотичката партија која што тој ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски и парламентарни избори кои се закажани за 24 април и 8 мај.