
Пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција беа во салата и чекаа на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот законони од петтиот пакет мерки. Талат Џафери треба да најде начин со сите пратенички групи да воспостави хармонија за да се реашватаат работите, а не вака, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5.
Според него претседателот на Собранието Џафери, може дома да се однесува така своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните.
„Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Или договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа“, рече Мицкоски.
Укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да поминат законите, немаше првиот човек да надлежната комисија пратеникот Тимчо Муцунски веднаш да најде начин да поминат законите на комисја.