![mickoski12062023](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/mickoski12062023.jpg?resize=696%2C305&ssl=1)
Вакви какви што се уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги гласа. Многу прецизно ги следам изјавите и пораките кои доаѓаат од меѓународните претставници во Македонија, но и оние коишто периодов беа тука и имавме средби. Тие цело време зборуваат дека нема да има дополнителни услови, за отпочнување на преговорите, и ние сме согласни со тоа, но сме сигурни дека ќе има понатаму дополнителни услови и тоа не може никој од нив да го гарантира, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.
Посочи дека не може одговорот за билатералниот договор е дека тие работи се неменливи, за Македонија треба да важат само Копенхагеншките критериуми.
„Ако сакате да веруваме дека официјална Софија натаму нема да стави дополнително вето, тогаш, да го промениме делот каде што освен Копенхагеншките критериуми во преговарачката рамка е вклучен и билатералниот договор со Бугарија“, истакна Мицкоски.