Мицкоски: Јас сум ултра Европеец, но врз база на принципи, кога барате од нас отстапки и ние бараме почитување на правата на Македонците во Бугарија

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното Интервју на Шења на ТВ Шења вели дека тој е ултра Европеец, но врз база на принципи, укажувајќи дека кога Бугарија бара да се внесени бугарските државјани во македонскиот устав, тогаш тој бара Бугарија да ги спроведе пресудите од Европскиот суд за човекови права, за почитување на човековите права на македонската заедница во Бугарија.

„Јас нудам концепт. Да јас сум ултра про Европеец, и повеќе од Урсула Фон Дер Лајен, но на принципи. Не може некој од мене да бара да вклучам во Преамбулата дел од бугарскиот народ во Македонија, македонски државјанин 762, поради тоа што на тој начин ќе имале поголеми права. А од друга страна Бугарија како земја која ја ратификувала Резолуцијата за почитување на човековите права не сака да спроведе пресуда од Судот за човекови права од Стразбур за почитување на човековите права на македонската заедница во Бугарија“, изјави Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека не сака Европа во која што нема да го почитуваат како Македонец, укажувајќи му на новинарот Насер дека ниту него нема да го почитуваат како Албанец.

„Не ми треба мене таква Европа која што нема да ме почитува како Македонец, ниту пак вас ви треба, бидејќи нема ниту вас како Албанец да ве почитува, ако не ме почитува мене како Македонец. Тоа го барам јас“, рече Мицкоски и додаде:

Барам тоа што го донела европската институција да го спроведе Бугарија, тоа го барам ништо повеќе.