Мицкоски: Борисов ми кажа дека Заев му ветил сѐ што сега Бугарија бара

Борисов ми има кажано дека ова што сега го бараат е ветено од Зоран Заев, само за да дојде тој да биде премиер, и тоа уште додека бил кмет.
Не сакам да ја спуштам дебатата на тоа ниво со тој господин (Каракачанов), во предвечерието на изборите кај нив добро е реториката да е тврда.
Влеговме наивно во овој фолклор, но тоа е таа домат-допломатија. За среќа ВМРО-ДПМНЕ има историска задача да ги штити интересите. Oва што денес го прави ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ треба да се благодарни. Нашите семејства губат, посочи  Христијан Мицкоски во Студио 10 на ТВ24.