Мицкоски: Да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега

На само неколку денови до одлучувачкиот втор круг од локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави моќно видео и испрати порака до граѓаните.

-31 октомври е денот кога одлучуваме за иднината. Да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ние ја посакуваме.
Македонија е жива, ќе биде и напредна и силна, напиша Мицкоски на Фејсбук.