Во своето гостување во емисијата ,,Печат на неделата’’ на 1ТВ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговараше на прашањата на водителот, Сашо Ордановски. Мицкоски го потсети својот соговорник на актуелните случувања и политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија, напоменувајќи го денешното апсење на малолетници кои се активисти на опозицијата.
Денеска полицијата апси млади луѓе 17 годишни луѓе, кои што да дел од нив и се активисти на ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што напишале графит. И вие ми кажувате за заробена држава. Ама гледам дека вие премногу сте опседнати со Груевски. Требаше Никола Груевски да го викнете во емисија, констатираше Мицкоски.