Мицкоски: Денеска е денот кога народот гласно ќе зборува, кога обновата победува

Денеска е денот кога народот гласно  ќе зборува. Денеска е денот кога обновата победува. Народот масовно излегува на избирачките места и од она кое што можеме да го забележиме, она кое што се коментира помеѓу граѓаните, е дека истиот е подготвен за една голема промена која што ќе се случи токму денеска на 15-ти јули, рече по гласањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Моицкоски.

Потсети на случувањата изминатите денови и информациите за многу нерегуларности и обиди за поткупи, што како што оцени Мицкоски, е последниот очајнички обид на власта на заминување,

„Истовремено сакам да истакнам дека сето она што се случуваше изминатите денови, бројните нерегуларности ќе остават сериозна трага којашто практично ќе биде еден вид дамка на овој изборен процес. Но, треба истите тие да знаат дека тоа е последниот крик на ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев коешто е во заминување“, истакна Мицкоски.

Зборувајќи во раните попладневни часови, лидерот на опозицијата забележа и дека биле видливи тенденциите да се влијае врз излезноста на избирачите, но, како што предочи, за тоа ќе се понесе и одговорност.

„Она што сакам да им порачам на граѓаните, тие ќе сакаат помала излезеност, ние сакаме поголема излезност, оваква каква што е сега практично од раните утрински часови и очекувам дека до крајот на денот оние очајни обиди да се изигра волјата на граѓаните, ќе бидат практично оневозможени. А, сакам да ја искористам оваа прилика и да упатам апел до секој оној којшто има било каква дилема да му слугува на Зоран Заев и на ова раководство на СДСМ во нерегуларностите дека ќе сноси кривична одговорност и за тоа од утре посебно ќе се внимава како измина денот, но и какви беа изминатите денови“, рече Мицкоски.

Очекувајќи дека граѓаните во текот на денот ќе можат с

Така што мојата порака е вразумете, граѓаните слободно по своја волја да го изразат своето мислење, да го дадат својот глас затоа што нема веќе повеќе време за импровизации.

Она што е важно е тоа дека победува промената и граѓаните масовно одлучуваат да гласаат за промена.