![мицкоски](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/mickoski-4.jpg?resize=602%2C301&ssl=1)
„Сведоци сме на проблематизирање на техничката влада, пред се на избор на професионалното решение за МВР. Тоа е системот кој отфрла професионалци. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Оливер Спасовски се ставија во улога на Уставен суд, што потврдува дека власта е замешана во судовите во земјата. Во Уставот немаме категорија технички министер или техничка влада. Заев и Спасовски се против професионализација, но не се против партизација. Во Законот за МВР вели дека работник во Министерството не смее да биде претставник на партијата. Спасовски е потпретседател на СДСМ, но тоа не им пречеше”, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција.
Тој кажа дека е потребно одговорно однесување, па затоа нема да дозволи да се избега од избори. „Отпорот на Заев кон кандидаторот е неправда, но најголема неправда би била да се избега од избори. Ќе предложам нов кандидат за МВР денеска. Повторно станува збор за професионалец. Не е жена, туку е маж и не е партиска личност. Чекам на консултации со Заев и Ахмети”, рече Мицкоски.
Владата претходно го одби како неуставен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој доаѓа од АРМ да биде на чело на МВР. Доколку денеска биде прифатен кандидатот за технички министер за внатрешни работи, тогаш според најавите владата ќе биде формирана утре.