Мицкоски: Детална истрага за криминалите на СЈО

Тој предлага и сите предмети од СЈО од 2016 да ги преземе Републичкото Јавно Обвинителство во фаза во која што се, односно државниот Јавен обвинител да ги прераспредели онаму каде што припаѓаат  и  да се почитува принципот на супординација во рамките на едно обвинителство, а тоа е државното Обвинителство.

ВМРО – ДПМНЕ нема да прифати обвинителите од СЈО да се приклучат на Обвинителството за организиран криминал, а Катица Јанева да биде унапредена за две скалила –  во Републички јавен обвинител, со оглед на тоа што доаѓа од основно јавно овиниелство. Тоа би било голема неправда до сите останати обвинители во државата, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Според законското решение што го изготвува ВМРО-ДПМНЕ, се предлага сите обвиниели од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, но и да се истражи инволвираноста на обвинителите во аферата „Рекет“ и  релаициите на Јанева со двајцата осомничени кои се во притвор како и на високите функционери од СДСМ.

Тој предлага и сите предмети од СЈО од 2016 да ги преземе Републичкото Јавно Обвинителство во фаза во која што се, односно државниот Јавен обвинител да ги прераспредели онаму каде што припаѓаат  и  да се почитува принципот на супординација во рамките на едно обвинителство, а тоа е државното Обвинителство.

„Денеска ако си снаа или внук на Катица Јанева ќе можеш да добиеш работно место во СЈО, а не ако имаш професинална биографија. Не прифаќаме овие луѓе да бидат префрлени во новото обвинителство. Граѓаните нема да можат да аплицираат за работа, поради овие ќерки, внуци“, вели Мицкоски.

Запрашан за пораката на Рикер со која го повикува ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна во однос на Законот за Обвинителството, Мицкоски рече дека „никаде во изјавата на Рикер не слушнав дека ВМРО ДПМНЕ треба да го поддржи овој текст што е предложен од страна на Владата.

Јас кажав од кои принципи се водеше ВМРО ДПМНЕ за да го реформира. Ја покануваме Владата и експертите од Владата да престанат да играат политички игри да седнат да разговараат за предвремени избори и Закон за Јавно обвинителство, рече Мицкоски.

Според него лидерска средба е прифатлива доколку на неа се договори датум за предвремени избори, но и Законот за Јавното Обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка финансиска независност да има само новото обвинителство.

„Доколку обвинител под политичко влијание покрене обвинине и низ судски процес се утврди дека тоа обвинение не е изджано, штетата да се надомести од буџетот на Обвинителството, а не од џебот на граѓаните“, посочи Мицкоски.