Мојата цел беше кога на еден Дневник се обидов да подадам рака на оние кои се идентификуваат како опозиција да направиме заеднички политички блок. На тој начин полесно ќе направиме делегитимирање на власта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа говорејќи за понудата до раководството на Левица да ги поддржи кандидатите на опозицијата, доколку оваа партија навистина сака да ја делегитимира власта.
Зачуден сум, кажа Мицкоски, како не ја гледаат крајната цел, а тоа е да се направи поширок опозициски блок.
Мицкоски ги повика членовите, симпатизерите на Левица онаму каде немаат кандидати да ги поддржат оние на опозицијата.
„Жалам што раководството на Левица не ја препозна шансата за обединување против Заев, ги повикувам нејзините гласачи да ги поддржат кандидатите на опозицијата таму каде Левица не одат со свои кандидати, а јас ќе повикам во вториот круг таму каде нема да имаме свои, да се поддржат кандидатите на Левица“, заклучи Мицкоски.